ПОВЕЌЕ

    НА ГОЛЕМО СЕ ВЛОЖУВА ВО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – за три месеци 2,4 милиони евра преку 16 блокови

    Време зa читање: 2 минути

    Во последните два дена преку две блок трансакции се купени 1.979 акции на Комерцијална банка. Во нив се вложени над 600 илјади евра. Од почетокот на годинава, пак, само преку блокови познати инвеститори станале сопственици на 9.353 акции издадени од најголемата и најуспешна домашна банка, за што се платени 2,4 милиони евра. Сето тоа преку досега 16 реализирани блокови.

    Вчерашните бeрзански податоци покажуваат дека предмет на инвеститорскиот интерес биле 479 акции, купени по единечна цена од 18.300 денари. Пакетот чинел 8.765.700 денари, односно 142,45 илјади евра.

    Вчера цената била нешто повисока – 18.840 денари за акција. Купени се 1.500 за 28.260.000 денари, или 459,2 илјади евра.

    Ова се првите блокови месецов, а во март статистиката бележи еден, кога во 1.525 акции се вложени над 413 илјади евра. По цена од 16.700 денари за акција.

    Во февруари, пак, биле извршени осум блок трансакции. Преку нив се продадени 3.620 акции и направен е промет од вкупно 103.748.000 денари што е противвредност на износ од над 1,68 милиони евра.

    Во блоковите најниската цена од 12.700 денари за акција е забележана на 19 февруари, кога била истргувана и најголемата количина од 2.000 акции. Инаку, цената се движела од 15 илјади денари на девети јануари, односно во првиот блок, до највисоката забележана вчера од 18.840 денари.

    Речиси и да нема ден на официјалниот пазар без тргување со акциите на Комерцијална. Оваа работна седмица ја завршува со просечна цена од 18.373,87 денари, односно тоа е денешното постигнато ниво.

    Просечната цена во 2023 година била 12.509,55 денари.

    М.А.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично