ПОВЕЌЕ

    На Европа ќе и бидат потребни уште 500 милијарди евра за опоравување на економијата

    Време зa читање: 2 минути

    На Европа, покрај договорениот пакет од половина милијарда евра, ќе и бидат потребни уште најмалку 500 милијарди од институциите на ЕУ за финансирање со цел закрепнување на економијата која доживеа колапс предизвикан од пандемијата на коронавирусот, изјави Клаус Реглинг, генерален директор на Европскиот механизам за стабилизација (ЕСМ).

    Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Реглинг денеска изјави дека најлесен начин за обезбедување на овие средства би бил преку Европската комисија и буџетот на ЕУ, пренесува „Reuters“.

    „Јас би рекол дека за втората фаза ни требаат најмалку уште 500 милијарди евра од европските институции, а можеби и повеќе. За ова, треба да го отвориме нашиот ум, да разгледаме нови инструменти, но и да ги користиме постојните институции затоа што е полесно, вклучително, пред сè, Комисијата и буџетот на ЕУ” – изјави Реглинг.

    Министрите за финансии на ЕУ договорија на 9-ти април пакет финансиска помош за државите, компаниите и граѓаните во вкупен износ од 540 милијарди евра.

    Тие, исто така, се согласија дека Еврозоната, која Меѓународниот монетарен фонд и пресмета пад од 7,5 проценти оваа година како резултат на пандемијата, ќе и треба пари за да се опорави, но има различни ставови за висината на потребното финансирање и како да се обезбеди тоа.

    Лидерите на ЕУ ќе разговараат за оваа тема на видео конференција на 23 април.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично