За 2,6 проценти се зголемени на годишно ниво продажните цени на производителите на индустриски производи. Состојбата е од јуни, а растот на цените се однесува на домашниот пазар. Во споредба со мај повисоки се за 1,2 насто.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика, месечно зголемување на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се забележани во три групи: во енергија за 8,7 %, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 % и во трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 %.
Исто така, кај овие групи има и раст на цените на годишно ниво – за 9,3 % во енергија, за 4,2 % во трајни производи за широка потрошувачка и за 5,3 % во нетрајни производи за широка потрошувачка.