Двете државни железнички компании, МЖ Транспорт и МЖ Инфраструктура нема да се приватизираат и заедно со Македонски пошти прво ќе се стабилизираат, па преструктуираат и на крај ќе бидат рентабилни, изјави за поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој вели и дека железничкиот сектор нема да се либерализира, туку државата ќе го развива, како во делот на транспортот, така и во инфраструктурата.
„Се договоривме со Европска Унија да нема либерализација во одреден догледен временски период, ќе помогнеме на двете претпријатија и веќе економските оператори кои го познаваат железничкиот систем како најбрз и најевтин транспорт. Веќе има нови компании кои се откажуваат од камионскиот превоз и сакаат да користат железнички превоз, што е добро и за нашите патишта, за екологијата и добро е и за железницата.
– спомнавте либерализација нема да има.
– да, го променивме законот.