ПОВЕЌЕ

    myWorld.com и Рептил Маркети – пример за долгогодишна успешна соработка

    Време зa читање: 3 минути

    Најголемата меѓународна програма за лојалност на потрошувачи, myWorld.com, речиси уште од самото отворање во Македонија пред 10 години, е во одлична и успешна соработка со Рептил Маркети, кои воедно важат како едни од нивните водечки партнери. Оваа година Рептил Маркети слават 25 години од своето постоење, години во кои бележат континуиран раст и економски успех.

    Како успешна компанија низ годините која соодветно ги следи трендовите во однесувањето и барањата на потрошувачите, Рептил маркети во соработка со myWorld.com имаат една заедничка цел, а тоа е да изградат лојална мрежа на потрошувачи кои ќе можат секојдневно да ги користат бенефитите од ова партнерство. Имено, преку myWorld.com Partner програмaта континуирано ја зголемуваат базата на потрошувачи, а воедно ги задржуваат и постоечките преку понуда на специфични поволности додека купуваат.

    “Да се биде присутен на пазарот 25 години е успех само по себе. Нашата грижа за потрошувачите е секогаш главен приоритет, преку професионална услуга, голем избор на најквалитетни свежи производи и ексклузивни понуди креирани според потребите на потрошувачите. Низ годините секогаш се стремиме да ги следиме нивните потреби, со што пазарувањето кај нас ќе им биде вистинско уживање. Голема благодарност и до компанијата myWorld.com кои од нивното основање заедно изградивме концепт на пазарување со кој профитираат нашите потрошувачи. И во овој месец пред нас ќе имаме супер понуда која ќе донесе придобивка за секој од вас.” – изјави Даница Личанин Блажеска , генерален директор на Рептил Маркети.

    По повод роденденот на myWorld.com со оваа заедничка соработка, овие партнери во текот на цел месец Ноември ви нудат безброј придобивки и можности преку членството во myWorld.com.
    “Најнапред сакам да им посакам уште многу години успешно работење и да продолжат и понатаму да бидат вистински избор за потрошувачите. По повод роденденот ние заедно со Рептил Маркети ќе креираме специјална понуда за пазарување со што нашите клиенти ќе добијат Super-Cashback и шопинг поени. Со задоволство можам да кажам дека нашето партнерство е пример за долгогодишна успешна соработка и дека и во иднина заедно ќе придонесуваме за подобри услови за нашите потрошувачи.” – изјави Радован Витошевиќ, регионален директор за Јужен Балкан на myWorld.com групацијата.

    Како член на мајВорлд заедницата, со секое купување во Рептил маркетите, или онлајн на нивната веб страна MarketOnline.mk, добивате поврат на средства и одреден број шопинг поени, додека во периодот од 01.11 до 31.11 промотивно добивате 5% Super Cashback. Вратените средства можете да ги добивате на трансакциска сметка или да ги користите за повторно купување со дигитален ваучерт – eVoucher. А, поените, можете да ги искористите за дополнителни атрактивни акции и попусти кои се огласени на вебсајтот на myWorld.

    Овие можности можете да ги искористите онлјан или во било кој од маркетите низ Скопје, каде што ќе најдете голем и квалитетен асортиман на производи, но и најдобра услуга во градот.
    Станете и вие дел од најголемата куповна заедница во светот и користете ги бенефитите на myWorld.com. Регистрирајте се бесплатно на следниот линк, користете ги вашите поени паметно и креирајте успешни зделки!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично