ПОВЕЌЕ

    МВР заплени голема количина марихуана во струмичко Босилово

    Време зa читање: 2 минути

    Во голема полициска акција на Министерството за внатрешни работи, утрово биле запленети 21 тон марихуана од фирмата ЦБД Медплант со седиште во Босилово, Ново Село. Акцијата е дел од интензивните напори на МВР против нелегалната трговија со марихуана и е во координација со повеќе единици на полицијата.

    Според официјалните податоци, еден од формалните сопственици на компанијата е Христијан Котев, но како што пишуваат некои медиуми, реалната контрола ја врши неговиот татко, Тони Котев, кој е поранешен претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село.

    Ова е втора поголема заплена во рок од неколку дена. Претходно, МВР влезе во Алфафарм лоцирана во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што беа запленети 27 тони марихуана. Таа, пак, акција уследи откако во Србија беа откриени и запленети пет тони марихуана набавени од оваа фирма.

    Што се однесува до ЦБД Медплант, компанијата е регистрирана за одгледување зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за употреба во фармацијата. Основана е во октомври 2018 година со основен капитал од 1.107.200 денари. Според податоците од Бизнис Мрежа, во текот на последните години бележи променливи финансиски резултати. Вкупните приходи во 2024 година изнесувале околу 380 илјади евра со годишен раст од 175,81 насто. Во истиот период остварена е нето-добивка од 75 илјди евра, за 32,48 отсто пониска од пртходната година.

    Фирмата има петмина сопственици: Коље Василев (воедно и управител), Христијан Котев, Алекс Гомес, СГБ Проперти СА и Добринка Кирилиева.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично