Маск минатата недела завршил со продажбата на дел од акциите во “Тесла” со вкупна вредност од 6,9 милијарди долари. Тоа изнесувало помалку од 4 проценти од акциите кои тој директно ги поседува.
Заборавам дека ти се уште си жив – му напишал Маск на Твитер на политичарот Берни Сандерс, кој повикал екстремно богатите да плаќаат свој дел од данокот.
“Ако сакаш да продадам уште акции само кажи ми”, напишал Маск еден час подоцна.
Маск минатата недела завршил со продажбата на дел од акциите во “Тесла” со вкупна вредност од 6,9 милијарди долари. Тоа изнесувало помалку од 4 проценти од акциите кои тој директно ги поседува и помалку од 3 проценти од сите опции кои ги поседувa за купување на дополнителни акции.
Оданочувањето на екстремното богатство е голем дел од платформата на Сандерс. Тој предложил годишен данок од 0,1 процент на најголемите американски домаќинства, за кој тврди дека енормно ќе го зголеми буџетот, а ќе го преполови богатството на милијардерите во наредните 15 години.