
Како да се балансира приносот во Вториот пензиски столб и ризикот за различни возрасти? Станковиќ од „Сава пензиско друштво“ вели дека решение се „мултифондови“. Тоа значи помладите вработени, до 40 години, автоматски да се распоредуваат во растечки и поризични фондови, вработените на возраст од 40 до 55 години во балансиран фонд, а тие над 55 години во конзервативен фонд — за да има заштита на акумулацијата на пари пред пензија.
„Искрено, да ви кажам, ние очекуваме во најбрз можен рок да се излезе со предлог закони, особено во делот на мултифондови и во делот на исплата на пензии е уште поважно. Бидејќи нас не чека правење на посебно софтверско решение и поврзување помеѓу нас, пензиските друштва, заедно со ПИОМ и заедно со нашиот регулатор за исплата на поголем број на пензионери. Ние тоа денеска кога го имаме и го правиме, но имаме многу помал број на пензионери. Како што актуарот ви кажа во текот на разговорот, ние очекуваме се поголем и поголем број на пензионери, а затоа треба, Законот предвидување сегашен за исплата на пензија и пензиски надоместоци и Центар за котација.“
Премиера: четврток во 12:00 — притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Аналитика








