ПОВЕЌЕ

    Мукаетов и двајца членови на Управниот одбор купија 550 акции на Алкалоид

    Време зa читање: 1 минутa

    Тројца членови на Управниот одбор, меѓу кои и претседателот и генерален директор, Живко Мукаетов, купија акции издадени од Алкалоид. Вкупно се стекнаа со вкупно 550 акции, со што менаџментот повторно испраќа сигнал за доверба во компанијата.

    Според објавите на Македонска берза, во сопственост на Мукаетов се уште 200 акции. Со нив, во моментот поседува 131.500 обични акции, или 9,19 отсто од акционерскиот капитал на најголемата и најуспешна фармацевтската куќа во земјава.

    Идентичен број акции купил и директорот на Финансии, Виктор Стојчевски. По последнава трансакција неговиот сопственички удел е 0,72 отсто.

    Членката на Управниот одбор, Оливера Панева, одговорна за квалитет и интегриран менаџмент-систем, станала сопственик на 150 акции и сега поседува 0,04 отсто од капиталот.

    Како датум на порамнување на трансакциите е наведен 6 април. Според берзанската дневна листа, просечната вредност на фармацевтската акција изнесувала 25.918,72 денари.

    Раководството на Алкалоид и претходниот месец беше активно на пазарот. Тогаш сите петмина членови на Управниот одбор инвестираа во вкупно 950 акции.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично