ПОВЕЌЕ

    Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.

    Г-дин Хаџипази доаѓа од Халкбанк АД Скопје во која е секторски директор за човечки ресурси и општи работи. Халкбанк е членка на СКСЗМ.

    Комората на Северо-западна Македонија во земјава делува веќе 15 години и ги застапува интересите на деловните субјекти во насока на создавање поволна околина за развој, останувајќи на страната на деловниот сектор и работејќи на поддршка на нивните барања и потреби.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично