ПОВЕЌЕ

    Муареми: На добар пат сме да докажеме каде завршиле парите од „Еуростандард банка“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Арафат Муареми, директорот на Финансиската полиција изјави дека се на добар пат да докажат каде завршиле парите од „Еуростандард банка“.

    “Тешко е да се докаже каде завршуваат парите, бидејќи не секогаш тие завршуваат во нашата држава, некогаш се прелеваат во друга држава. На добар пат сме да ја докажеме одговорноста на сите вмешани страни кои се дел од оваа алка. На почеток мислевме дека не е толку организирано, но кога веќе почнавме да истражуваме во самата банка и по добиените банкарски сметки од неколку фирми, веќе утврдивме голема мрежа која може да кажеме дека не се работи за 140, туку за повеќе фирми, истакна рече Муареми во гостувањето во Телевизија 24.”

    Управата за финансиска полиција, како што додаде тој, веќе почнала предистражна постапка за две-три други банки, кои постапувале на сличен начин, но разликата е во тоа што другите банки го искористиле заложното право.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично