ПОВЕЌЕ

    м-р Станковиќ: Целта на биткоин е да биде т.н дигитално злато (Видео)

    Време зa читање: 2 минути

     

    По повод недела на криптовалути, нашиот соработник Стефан Станковиќ, м-р по Деловно право, специјалист за крипто валути гостуваше во емисијата Утрински брифинг кај господинот Сашо Орданоски.

    Во Македонија има мала крипто-заедница, но многу активна. Додека во светот се случува вистинска финансиска револуција, во македонските медиуми за криптовалутите не може да се прочита или слушне речиси ништо, вели Станковиќ.

    “Вредноста на криптовалутите не е стабилна односно не е врзана за декретните валути. Нивната вредност е пазарно одредена, односно зависи од моменталната понуда и побарувачка.

    Во крипто сферата постои изрека која вели дека кога станува збор за чување на криптовалутите – корисниците се сами своја банка. Тоа значи, дека наместо во банка, криптовалутите се чуваат во криптографски обезбедени и исклучително сигурни дигитални паричници кои се во директна сопственост на корисниците, кои се криптогравски обезбедени и максимално сигурни. Безбедноста е огромна – Биткоин протоколот ниту еднаш не е хакиран или било како безбедносно загрозен. Во моментов побарувачката е многу голематоа се должи на влезот на институционални играчи на пазарот. Се повеќе фондови, индивидуалци и компании купуваат биткоини и ги чуваат на своите сметки, констатираше Станковиќ.

    Говорејќи за тоа дали пазарот каде што критповалутите можат да се користат како куповно средство во прометот на стоки и услуги се шири, Станковиќ вели дека тоа е така, но и дека тоа воопшто не е поентата.

    Имено, Биткоинот претендира да биде стожер на вредност а не медиум за размена на вредност.

    Биткоинот како финансиско средство е поблиску до златото отколку до декретните валути; неговата цел е да биде т.н дигитално злато. Бројот на биткоини во протоколот е ограничен и истиот никогаш нема да се промени, што го прави ова дигитално финансиско средство апсолутно ретко. Сите фундаментални карактеристики на биткоин алудираат на тоа дека истиот би требало да се користи како стожер на вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично