Основачот на компанијата Fabernovel, Стефан Дистингин, предлага Франција да ја продаде сликата на Мона Лиза за 50 милијарди евра.
“На тој начин ќе ги надомести парите коишто ги изгуби поради пандемијата од коронавирус“, изјави тој.
Дистингин смета дека загубите ќе бидат големи и државата би требало да го распродаде вредниот имот по највисока цена.
“Таа слика лесно е да премести, предајте ја. Имаме многу слики. Цената мора да биде висока, а проценувам дека Мона Лиза може да се продаде за 50 милијарди евра“, вели тој.
Извор: Бизнис инфо