Во индустрија каде што прецизноста, доверливоста и врвната технологија се најважни, компанијата „Мој Дилер“ се истакнува како лидер на пазарот во продажбата на специјални возила.
„Мој Дилер“ ја започнува својата приказна во 2020 година за време на пандемијата на Ковид и глобалната економска криза, како овластен препродавач на камиони од светски позната марка. Со континуирана амбиција и успешни партнерства со реномирани европски компании, за многу краток период се етаблираат како препознатлив бренд на македонскиот пазар. Сега, „Мој Дилер“ е компанија која е лидер во продажба на специјални возила, ВИП комбиња, пикапи, специјални надградби, земјоделска и градежна механизација.
Разбирајќи дека потребите на секој клиент се единствени, посветениот тим на „Мој Дилер“ континуирано се стреми кон создавање на ефективни и иновативни решенија што ги задоволуваат различните буџети, правејќи ги нивните производи и услуги достапни за сите. Овој пристап им овозможува да бидат флексибилни и да се прилагодуваат на промените на пазарот, секогаш следејќи ги најновите трендови и потребите на потрошувачите.
Познат по својата посветеност кон иновации, „МојДилер“ поставува нови стандарди во светот на специјализираните автомобилски решенија. Оваа година „МојДилер“ за првпат во Македонија и во регионот донесе нов специјално изработен производ единствен на пазарот – ВИП луксузно комбе со кожени седишта во кои се вградени масажери, највисоко ниво на опременост, смарт ТВ, мини ладилник, неспресо кафемат и многу други дополнителни сегменти.
Една од клучните карактеристики што ги издвојува од останатите е фактот што компанијата „Мој Дилер“ ја води жена, нешто што е реткост во оваа индустрија. Ова лидерство не само што е инспиративно, туку и охрабрува други жени да се вклучат и да се докажат во области кои традиционално се сметаат за „машки“.
Во изминатите неколку години, „Мој Дилер“ е посветен на развојот на бизнис заедницата во Македонија. Преку нивниот иновативен начин на работа, со носење на нови брендови и продукти, „МојДилер“ не само што ги отвора вратите за нови можности, туку и ги мотивира и инспирира другите компании во истата индустрија да следат сличен пат. „МојДилер“ секогаш се отворени за соработка и поддршка, со споделување на искуства, знаења и вредности, бидејќи веруваат дека само заеднички може да придонесат кон подобрување на целата бизнис заедница.
Како активни членови на неколку стопански комори, „Мој Дилер“ постојано работи на решавање на значајни општествени проблеми и наоѓање долгорочни решенија за заедничките предизвици. Нивната цел е да помагаат во проширување на јадрото на одговорни бизниси во земјата, кои ќе ја поттикнат економијата и ќе придонесат за општествениот развој. Како општествено одговорна компанија, „Мој Дилер“ се вклучени и во многу проекти преку спонзорства и донации, кои придонесуваат за раст и развој на поединци или организации кои се важни за општеството и бизнис заедницата. Затоа, оваа година „Мој Дилер“ е златен спонзор на проектот „Бизнис лидер“.
ПР Објава