ПОВЕЌЕ

    Модернизирана и дигитализирана експозитура на Комерцијална банка во ГТЦ

    Време зa читање: 4 минути

    Комерцијална банка отвори уште една модернизирана и дигитализирана експозитура, во која клиентите на брз и ефикасен начин ќе можат да ги извршуваат своите банкарски трансакции. Експозитурата ГТЦ во центарот на Скопје повторно ги отвори вратите за граѓаните, нудејќи им шалтерски услуги, но и дигитални банкарски трансакции 24 часа во денот.

    Дигиталниот дел е опремен со три банкомати, како и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање. Во овој дел може да се подигнува или да се внесува готовина, да се врши откуп на евра, да се плаќаат сметки за јавни услуги (ЕВН, БЕГ, А1, Телеком и Телекабел), без провизија и со картичка од која било банка, како и да се испечати извод од трансакциска сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички, а услугите ќе можат да ги користат како нашите, така и клиентите на другите домашни или странски банки.

    За шалтерско работење експозитурата е отворена од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот, а ги обезбедува следниве услуги: отворање трансакциска сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови, можноста за купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси и стручни совети и обука при користење на електронска банка и мобилно банкарство за физички и правни лица.

    Новата експозитура на Комерцијална банка не само што им ги обезбедува на клиентите предностите на дигиталните финансиски услуги, туку и заштита на нивното здравје од вирусот Ковид-19.

    25.12.2020 – Празнична радост од вработените во Комерцијална банка за 440 дечиња


    Новогодишната еуфорија не смее да запре, а особено не за децата, кои секогаш нестрпливо ги очекуваат Дедо Мраз и своите подароци. На прагот од Новата година, која сите ја исчекуваме со нетрпение и со желби за многу здравје и успеси, децата ги заслужуваат и своите подароци.

    Четиристотини и четириесет дечиња веќе добија подароци, а за тоа се погрижија вработените и синдикалната организација во Комерцијална банка. Тие и оваа година се докажаа во својата традиционална хумана мисија и обезбедија новогодишни пакетчиња, пред сѐ, за деца од социјално ранливи категории.

    Како и 11 години наназад, и овој декември празнична радост Комерцијална банка донесе, во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари во Скопје, а овој пат радоста ја раширивме и во Здружението на самохрани родители Надеж од Неготино, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци од Скопје и во семејствата кои ги добија пакетчињата преку Црвениот крст на Град Скопје. Срцата особено ни ги стоплија изненадувањето и нескриената радост од добиените пакетчиња на „уличните продавачи“ од проектот Лице в Лице и на дечињата хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле (Ковид центар).

    Синдикалната организација при Комерцијална банка АД Скопје донираше 60 новогодишни пакетчиња за деца од згрижувачки семејства и деца без родители. Донацијата беше предадена во координација со Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село – Сингелиќ.

    Комерцијална банка заедно со својот тим и во Новата година ќе споделува уште повеќе пријатни изненадувања и радости. Останете сите во добро здравје и грижете се за вашите семејства и за сите околу вас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично