Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека кинеската економија ќе порасне за 8,1 процент во 2021 година.
Прогнозата е за 0,2 процентни поени поголема од проценката од пред половина месец. Исто така, ММФ предвидува дека глобалната економија годинава ќе порасне за 5,5 проценти.
Кина се врати на нивото на економски раст пред пандемијата во четвртиот квартал на 2020 година, пред сите поголеми економии, изјави главниот економист на ММФ Гита Гопинат, објави кинеската медиумска група (ЦМГ).
Новата проценка на ММФ за 2021 година ги рефлектира позитивните ефекти од почетокот на вакцинацијата во некои земји.
Бруто домашниот производ на Кина, втора по големина економија во светот, се зголеми за 6,5 проценти во четвртиот квартал на 2020 година, според кинеската статистика.
Растот во четвртиот квартал доведе до вкупен раст од 2,3 проценти, што укажува на тоа дека Кина ги предводеше големите економии на годишен позитивен раст во 2020 година, додека многу други продолжуваат да се борат со пандемијата.