ПОВЕЌЕ

    Полошто е од што очекувавме: ММФ издаде ново предупредување

    Време зa читање: < 1 минутa

    ММФ предупреди голем број земји дека прогнозите се полоши од она што претходно било очекувано и дека во наредниот период дополнително ќе ја намали својата прогноза.

    Меѓународниот Монетарен фонд најверојатно ќе ги ревидира своите проекции за глобалната економија поради развојот на ситуацијата во врска со Ковид – 19. Новата проекција ќе биде полоша од претходната.

    Организацијата во април предвиде дека светската економија оваа година ќе се намали за три проценти.

    Новата прогноза ММФ ќе ја објави на 24 јуни и таа најверојатно ќе ја претстави „исклучително предизвикувачката ситуација“ во економијата, изјави извршната директорка Кристалина Георгиева.

    Веројатно ќе ја ревидираме прогнозата кон долу и истата ќе се темели врз најновите показатели и податоци. Тие говорат дека поголем дел од земјите поминуваат полошо отколку што претходно предвидувавме, додава Георгиева.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично