ПОВЕЌЕ

    ММФ бара 650 милијарди долари за борба против пандемијата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) рече дека ќе предложи дистрибуција на нови права за влечење на ММФ, еквивалентни на 650 милијарди долари до крајот од јуни за борба против пандемијата, пренесуваат агенциите.

    Новата распределба на специјалните права за влечење (СДР) на земјите-членки на ММФ, од кои многу се погодени од пандемијата, ќе обезбеди силна ликвидна поддршка без зголемување на товарот на нивниот долг, истакна Кристалина Георгиева.

    Ова ќе ги ослободи финансиските ресурси за борба против пандемијата, поддршката на програмите за вакцинација и другите итни мерки.

    „Ова ќе испрати силен сигнал до ММФ за решеноста на членството да стори сé што е можно за надминување на најтешката криза од Големата депресија“, додаде таа.

    Новата алокација на СДР ќе биде прва по еквивалентот од 250 милијарди долари одобрен во 2009 година за време на светската финансиска криза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично