ПОВЕЌЕ

    МЛАДИТЕ УЧАТ ДА ШТЕДАТ И ИНВЕСТИРААТ: Финансиска училница за студентите од BEST Skopje

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во рамки на иницијативата за зголемување на финансиската писменост кај младите, се одржа финансиска училница со студентите-членови на организацијата BEST Skopje во соработка со Комерцијална банка. Настанот беше посветен на темата „одговорно управување со личните финансии“, со фокус на практични совети и запознавање со банкарските производи и услуги.

    Студентите имаа можност да дознаат повеќе за алатките за штедење и инвестирање, со цел полесно и поинформирано донесување на финансиски одлуки во иднина.

    „Како општествено одговорна компанија, веруваме дека финансиската писменост е темел за здрава финансиска иднина. Затоа вложуваме во младите и им помагаме да го изградат својот пат кон финансиска благосостојба“, истакнаа од Комерцијална банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично