
Можните нови блокади на граничните премини претставуваат сериозен ризик за компаниите кои произведуваат во Македонија и регионот, предупредува Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Секое задржување на транспортот создава дополнителни трошоци и ја намалува предвидливоста на синџирите на снабдување. Компаниите мора да планираат производство со точни рокови, а секое доцнење значи ризик за договорите со клиентите. Според Мизо, компаниите преку европските индустриски асоцијации бараат поедноставување на процедурите за транспорт на стоките од Западен Балкан кон ЕУ. Целта е да се зачува конкурентноста на регионот.
„Според мене, тој штрајк ќе креира трошоци за сите. И јас се надевам дека тој штрајк, не сакам да речам дека не сочувствувам со потребите на транспортните компании, бидејќи тие директно се наши, ние сме корисници на нивните услуги. И знам дека ако нема доволно водачи, сите тие трошоци ќе се зголемат. Но, тогаш ќе се намали конкурентноста на оваа локација на Западниот Балкан и тогаш сите ќе трпиме на крај.“
Аналитика








