ПОВЕЌЕ

    Митреска на состанокот на БИС: Монетарната и фискалната координација важна поддршка за стабилноста на економиите

    Време зa читање: 2 минути

    Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата. Според последните оцени, се очекува фискалната консолидација во регионот да биде заснована на намалување на расходите, со што ќе се придонесе за подобрување на фискалниот профил и натамошно намалување на притисоците врз цените, посочи вицегувернерката Ана Митреска на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од ЦИЕ.

    Како што наведе, соодветната монетарна и фискална координација е исклучително важна во актуелните услови, како поддршка на вкупната стабилност на економиите. Во глобални рамки, монетарната и фискалната комбинација засега се оценува како соодветна, имајќи предвид дека во 2022 година во 72 отсто од земјите и двете политики се затегнуваат, што е соодветна поставеност при присуство на инфлациски притисоци и ризици.

    „Во текот на пандемијата, буџетските дефицити и јавниот долг значително се зголемија заради преземените мерки за поддршка на економската активност и заштита на ранливите групи. Оттогаш наваму, видливо е нивно намалување, но и понатаму се над претпандемичните нивоа“, нагласи Митреска. Во вакви услови, како што истакна, неопходна е посветеност на фокусирана и кредибилна консолидација, а со тоа намалување на нивоата на долгот и градење на фискалниот простор. Ова е особено важно во контекстот на позатегнати финансиски услови и надолни ризици за економскиот раст, за што е потребна претпазлива фискална политика која ќе го намали притисокот врз потребите за финансирање во земјите од овој регион и ќе го олесни нивниот пристап до меѓународните пазари.

    На состанокот за монетарна политика на БИС за Централна и Источна Европа учествуваа претставници на централните банки од поширокиот регион, како и претставници од Европската централна банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично