ПОВЕЌЕ

    Мисијата на ММФ со оценка: Мерките на Народната банка делуваат на инфлацијата, но ризици сè уште има

    Време зa читање: 2 минути

    Досегашните одлуки на Народната банка за зголемување на основната каматна стапка, како и другите мерки за нормализација на монетарната политика придонесоа за намалување на инфлацијата, но и за стабилизирање на девизниот пазар и раст на девизните резерви. Сепак, ризиците сѐ уште постојат, поради што Народната банка треба и натаму да води претпазлива политика и да ги презема неопходните мерки – нагласено е на средбата на која присуствуваа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите на Народната банка, досегашниот шеф на Мисијата, Жак Минијан и новата шефица на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, Анет Жаклин Кјобe.

    Мерките на Народната банка, заедно со поволните движења на светските цени на примарните производи, придонесоа за постепено намалување на инфлацијата, која во моментов изнесува 8,3 проценти. Мерките придонесоа и за стабилизирање на евроизацијата, што заедно со поповолните остварувања во платниот биланс во првата половина на годината во однос проекциите доведе до повисок раст на девизните резерви од очекувањата. Подоброто остварување се должи на помалиот трговски дефицит и поповолните приватни трансфери. Така, и на крајот од август официјалните девизни резерви се на соодветното ниво и изнесуваат 3.934,2 милиона евра, делумно благодарение на интервенциите на откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка.

    Претставниците на ММФ истакнаа дека мерките на Народната банка имаат позитивен придонес и за инфлацијата и за девизните резерви, но со оглед на тоа дека сѐ уште има неизвесност и ризици, ќе треба и натаму да води претпазлива политика и да ги презема неопходните мерки.

    Гувернерката Ангеловска-Бежоска му се заблагодари на Жак Минијан, истакнувајќи дека досегашната плодна соработка вроди со многу значајни проекти и активности. Притоа, нагласи дека Народната банка и во иднина ќе работи со ист интензитет, применувајќи високи меѓународни стандарди.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично