ПОВЕЌЕ

    Мирјана Трајановска нов генерален директор за финансии во Стопанска банка Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Скопската Стопанска банка доби нов генерален директор за финансии. На таа позиција е именувана Мирјана Трајановска.

    За настанатите измени во органите на управување, Банката информираше преку Македонска берза:

    „Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 18/2025 од 24.03.2025 год. и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-13009/5 од 19.6.2025, г-ѓа Мирјана Трајановска се именува за член на Управен одбор – Генерален директор за финансии на Банката“.

    Трајановска има повеќедецениско искуство во финанскиски сектор. Всушност, целата своја кариера ја гради во Стопанска банка Скопје, каде што работи од 1990 година. Почнала како помлад офицер, а работниот ангажман и резултатите и обезбедувале напредок и унапредувања се искачува низ хиерархијата во секторите за ликвидност, финансии, сметководство и буџетирање. Од 2013 година е на позицијата сениор директор за ликвидност и финансии. Од лани е претседател на Надзорниот одбор на Стопанска Лизинг ДООЕЛ Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично