Зоран Костовски е новиот член на Надзорниот одбор на Алкалоид. Неговото именување уследило по оставката на Миодраг Мицајков, поднесена една година пред истекот на мандатот.
Во информацијата на Алкалоид споделена преку Македонска берза се наведува дека мандатот на Костовски започнал на 30 март, а оваа функција ќе ја извршува до 26 април идната година:
„На членот на Надзорен одбор на Алкалоид АД Скопје проф. д-р Миодраг Мицајков му престанува мандатот заклучно со 29.03.2026 година, односно со датумот наведен во писменото известување за оставката.
За нов член на Надзорен одбор на Алкалоид АД Скопје се избира г-дин Зоран Костовски, со мандат од 30.03.2026 година до истекот на времето за кое е избран претходникот, односно до 26.04.2027 година“.
Аналитика








