Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај, 2020 година:
- Гарантиран детски додаток
- Детски додаток
- Посебен додаток за месец 06/2020
- ЕПП за новороденче
- Родителски додаток за трето дете
- Родителски додаток за четврто дете
- Единствен родителски додаток
- Образовен додаток – Студирање
- Гарантирана минимална помош ГМП
- Туѓа нега
- Постојана парична помош
- Еднократна парична помош
- Мобилност и слепило
- Цивилна инвалиднина
- Социјално домување
- Социјална сигурност- социјална пензија
- Азиланти домување
- Парична помош за згрижувач
- Паричен надоместок за згрижувачко семејство
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 2 јуни. Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.