ПОВЕЌЕ

    Министерот Бесими се сретна со новонаименуваниот австриски амбасадор Памер – Австрија значаен поддржувач на евроинтегративните процеси и инвеститор во земјава

    Време зa читање: 2 минути

    Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средба со новонаименуваниот амбасадор на Република Австрија Мартин Памер во РС Македонија на која беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете земји и поддршката што земјава ја добива од Р Австрија за европската перспектива.

    На средбата министерот Бесими му посака добредојде на амбасадорот Памер во  земјава и му посака успешен мандат и продолжување и унапредување на соработката помеѓу двете земји.  Република Австрија е значаен поддржувач на РС Македонија во евроинтеграцискиот процес и таа е значаен инвеститор во земјава, а во иднина очекуваме дека тие процеси да се надоградуваат и надополнуваат.

    Со поддршка од Австрија се спроведуваат повеќе проекти коишто се во насока на зајакнување на капацитетите на институциите со цел нивна подготвеност за европските процеси. Потпишани се договори меѓу двете земји за заштита на инвеститорите, што е значајно за остварување повеќе странски инвестиции во земјава, кои од оваа земја во последните 10 години се на ниво над 500 милиони евра. Дополнително активностите што се преземаат ќе влијаат и на зголемување на трговската размена која оваа година бележи двоцифрен раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично