ПОВЕЌЕ

    МИНИМАЛЕЦОТ ОД 18.000 ДЕНАРИ СТАНА РЕАЛНОСТ, стартува од март!

    Време зa читање: 5 минути

    Премиерот Димитар Ковачевски синоќа пред полноќ обелодени дека е постигнат договор за минималната плата од 18.000 денари.

    -Заврши состанокот на Eкономско-социјалниот Совет. Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите, со кој 80.000 граѓани ќе се извлечат над прагот на сиромаштијата, истакна Ковачевски.

    -80.000 наши граѓани, работници во разни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно, рече премиерот. Зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, како што нагласи Ковачевски, кое на работниците ќе почне да им се исплаќа на почетокот на април, е мерка која во најголема мера ги опфаќа вработените во микро и малите препријатија, трговијата преработувачката индустрија и др индустирии во земјава. Оваа мерка е всушност продолжение, односно дополнителна мерка за овие дејности кои беа помогнати и низ целата Ковид 19 криза.

    -Постигнавме уште една важна согласност, да ги промениме критериумите за методологијата за годишно усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот“, нагласи Ковачевски.

    – Третиот критерим е новина, висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена според ДЗС. Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18 000 денари сума која е воедно и двојно покачување  од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Eвропа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Очекуваме оваа мерка позитнивно да влијае и на останатите плати во сите индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани, вели Ковачевски.

    Премиерот нагласи дека Владата имаше и слух за потребите и правата на работниците и на работодавачите, преку широкиот социјално економски дијалог на кои, како што кажа, инсистрирале како принцип на работа, постигнувајќи договор на задоволство на сите засегнати страни.

    -Со договорот работодавачите ќе го покријат целокупното нето зголемување на платите за своите вработени кои се на минимална плата. Државата пак ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од сегашната минимална плата од 15.200 денари, до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари. Станува збор за удел од страна на државата во износ од околу 16 милиони евра до крајот на годината, истакна Ковачевски.

    – Ветивме и реализиравме мерки кои директно го помагаат животниот стандард на граѓаните. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на поддршката на граѓаните, додаде премиерот во своето обраќање.

    – Веќе обезбедуваме субвенции за околу 13.000 граѓани кои веќе земаат повисоки плати во своите фирми, преку покривање на придонесите, а за таа намена издвојуваме 48 милиони евра годишно.

    Ковачевски потсети дека Владата не дозволи радикално поскапување на струјата на пазарот да падне на грбот на граѓаните. Денес 650 илјади граѓани плаќаат речиси иста цена на струјата, а поскапувањето за 72 проценти на струјата како обврска го презеде државата, истакна тој и додаде дека со тоа практично се субвенционират сметките на граѓаните во висина од 38 милини евра.

    -Најдовме решение и за кризата со парното греење и во Скопје, која исто така е последница на европската енергетска криза. Не дозволивме, рече Ковачевски, граѓаните да останат без затоплување и го преземавме управањето со БЕГ.

    Премиерот, притоа, нагласи дека сите овие решенија се во интерес на заштитата на семејниот буџет на секое семејство, заштитата на стандардот и влогот во битка со економската криза.

    -Новата влада има огромни предизвици пред себе, но засега сум пресреќен дека добро и посветено ги менаџираме и така ќе продолжиме во иднина. Во ова време на финансиска несигурност, остануваме посветени максимално ефикасно да ги насочиме парите за поддршка на стопанството и граѓаните, но и одговорно да ги трошиме граѓанските пари, во проекти кои значат економски раст и развој и зголемување на животниот стандар и квалитет на живеењето. Тоа е одговорно владеење’, истакна Ковачевски.

    – Добивме минимална плата која изнесува 62 проценти од просечната плата. Добивме една нова методологија каде што велиме 50 проценти од растот на просечната плата и 50 проценти од трошокот за живот, а во методологијата го изоставивме делот за БДП кој во минатото ни правеше големи негативни ефекти, знаејќи дека минатата година беше минус 0,7 проценти и не успеавме да ја усогласиме минималната плата на ниво достоинствено за работниците, истакна претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

    Тој се надева дека доследно ќе се почитува и член 8 од Законот за минимална плата според кој со порастот на минималната плата треба да се усогласат и сите останати плати.  Димовски најави дека синдикатот ќе продолжи да се бори и за барањето за исплата на регрес за годишен одмор во целиот јавен сектор. Работодавачите се надеваат дека со зголемувањето на минималната плата, работниците ќе ја покажат својата продуктивност.

    – Ова е нова одлука за нас, со нови методологии и нов пристап. Од таа причина ќе мора дополнително да го консултираме нашето членство и да излеземе со став по однос на реперкусиите врз работењето. Како што вети и Синдикатот, очекувам да останат доследни на својот збор дека работниците задоволни од минималната плата ќе придонесат за зголемување на продуктивноста, изјави претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајкоска.

    Денешниот договор е постигнат по два одржани состанока на Економско-социјалниот совет што се одржаа минатата недела. Во петокот, Бизнис конфедерацијата побара од Владата да помогне со субвенционирање за зголемувањето на минималната плата, а вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вети дека предлогот ќе биде разгледан на Економскиот совет на Владата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично