ПОВЕЌЕ

    Црна Гора во моментов има 63 милионери

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во Црна Гора има 63 милионери кои имаат милион и повеќе евра на своите банкарски сметки, според месечните податоци доставени од банките до Централната банка.

    Најголемиот депозит на физичко лице е 9,7 милиони евра, а станува збор за нерезидент. Бројот на граѓани кои имаат депозит во износ од еден милион евра и над тој износ е поголем за три, во споредба со крајот на февруари 2020 година, објасни Централната банка.

    Додека се зголеми бројот на милионери, најголемиот единечен депозит се намали за 900.000 евра, во споредба со крајот на април, кога тој беше 10,6 милиони.

    Најновите податоци на Централната банка на Црна Гора покажуваат дека осум физички лица имаат депозит повеќе од три милиони евра. Две физички лица имаат депозит повеќе од пет милиони, додека ниедно физичко лице нема депозит над десет милиони евра. Законот спречува откривање кое лице има „најголема сметка“ во банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично