„Беркшир Хатавеј“, холдингот на Ворен Бафет објави нето загуба од 49,75 милијарди американски долари во првиот квартал по намалувањето на инвестициското портфолио, по потресите на глобалните берзи предизвикани од пандемијата на коронавирусот.
Во текот на истиот период минатата година, компанијата објави профит од 21,7 милијарди американски долари. Беркшир Хатавеј досега не објавил толку голема загуба, според Си-Ен-Би-Си и Си-Ен-Ен.
Холдингот има големи удели во десетици компании, вклучително и авиокомпании, банки, технолошки компании. Ширењето на вирусот предизвика сериозна штета врз американската економија и доведе до значителен пад на врендоста на акциите на многу компании.
Според Блумберг, Бафет е рангиран на петтото место на листата на најбогати луѓе во светот со богатство од 72 милијарди долари.
Од почетокот на годината, тоа се намали за околу 17 милијарди долари.