ПОВЕЌЕ

    Микробиолошка лабораторија со годишен капацитет од над 20.000 анализи – Нова инвестиција на Алкалоид

    Време зa читање: 3 минути

    Алкалоид отвори нова микробиолошка лабораторија, со годишен капацитет од над 20 илјади анализи. Реализираната инвестиција е во вредност од 3,1 милион евра.

     

    „Денес официјално ја отворивме новата микробиолошка лаботаторија, која е од големо значење за нашата компанија. Тоа е инвестиција од 3,1 милион евра и ќе овозможи Алкалоид да стане уште поконкурентен, но и Македонија како држава, затоа што со ова ќе ги шириме капацитетите на микробиолошките анализи на суровини, на пулупроизводи, на готови производи, со капацитет од над 20 илјади анализи кои можеме да ги извршиме во текот на една година. Од тој аспект сме горди што компанијата продолжува со инвестицискиот циклус и правиме се да бидеме поконкурентни каде било во светот“, нагласи генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов.

    Годинава беше проследена со бројни предизвици, посочи Мукаетов, но и покрај тоа, Алкалоид ја завршува со високи резултати, над планираните.

    „Ја завршуваме годината над планираното, со вкупни приходи од над 335 милиони евра и со рекорден консолидиран извоз од над 220 милиони евра, посочи првиот човек на најголемата домашна фармацевтска компанија.

    Во Алкалоид, на отворањето на лабораторијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски.

    „Во Алкалоид можевме да видиме нешто што го има во најсовремените светски фармацевтски компании и горди сме што ова е македонско. Повеќе од три илјади вработени ја градат својата иднина тука, како и во претставништвата во други земји. Најголемиот дел од портофолиото на оваа компанија или над две третини, е извозно, што влијае врз зголемувањето на БДП и на индустриското производство“, изјави Мицкоски, потенцирајќи дека Владата секогаш ќе ги поддржува успешните приказни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично