ПОВЕЌЕ

    Мајкрософт ги затвора сите свои продавници

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Мајкрософт“ денеска објави дека ќе ги затвори сите свои продавници и ќе има само онлајн продажба, како дел од својата стратегија за промена во делот на малопродажбата.

    Како што се наведува, компанијата нема да отпушти вработени во текот на оваа програма. Наместо тоа, вработените во продавниците ќе преминат на работа во корпоративните згради на компанијата.

    „Мајкрософт“ исто така наведува дека ќе ги зголеми инвестициите во Мајкрософт.ком, како и во продажбата на Иксбокс и Виндоус.

    Технолошкиот гигант додава дека неговите продавници се затворени од март поради пандемијата на коронавирусот, а дека неговите вработени успеале да обезбедат онлајн поддршка за клиентите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично