Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ патентираше chatbot напојуван со вештачка интелигенција, чија главна задача е да имитира личност, како што е починат член на семејство или пријател, пишува вечер.
Иако на прв поглед идејата потсетува на нешто од филмовите од научна фантастика, фактот дека може да „разговарате“ со саканата личност дури и откако таа веќе не е меѓу вас, на многумина може да им го олесни периодот на тага.
Во „Мајкрософт“, замислиле дека овој чет-бот работи во форма на апликација за смартфон и за навистина да работи, треба да има пристап до голема количина приватни и чувствителни информации, како што се преписка со некого, за вештачката интелигенција да препознае и да научи да го имитира стилот на една личност, зборовите што ги употребувала и начинот на кој се изразувала.
Профилите на социјалните мрежи и апликациите за преписка се споменуваат како главен извор на податоци.
Со оглед на фактот што нашето дигитално присуство на интернет и социјалните мрежи станува сè посилно, не треба да биде тешко за вештачката интелигенција да собере доволно информации за да создаде „виртуелна“ личност.
Но, се поставува прашањето, дали починато лице сака нејзиниот дигитален живот да се користи дури и, на пример, по нејзината смрт.
Очигледно е дека, ако таквата апликација некогаш оживее, ќе биде потребно внимателно да се формулираат правилата за употреба.
А, кој знае, можеби во иднина во својата волја ќе наведеме како сакаме нашите најблиски да продолжат да разговараат со нас и по смртта?
Додека „Мајкрософт“ не го испорача прототипот, има места за одговори, но и прашања што ги наметнува новиот патент.