ПОВЕЌЕ

    МИЦКОВСКИ ЗАДОВОЛЕН СО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ, очекува и до 300 илјади туристички ноќевања, Владата ќе се справува со состојбите околу Охрид и УНЕСКО

    Време зa читање: 2 минути

    Во првите шест месеци од годинава туризмот во Македонија има околу 13,5 проценти раст споредено со истите шест месеци минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст, соопшти претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

    Премиерот Мицкоски истакна дека со организиран пристап и посветеност се постигнуваат резултати во делот на туризмот.

    „Знам што сработивме изминатите шест месеци за после оваа туристичка сезона која ќе заврши, надвор од туристичката сезона на нашите главни туристички центри повторно ќе имаме гости кои што ќе бидат во бројка од неколку десетици илјади кои што ќе генерираат неколку стотици илјади преноќувања. Зборувам за бројка од 40, 50, 60 илјади гости кои ќе бидат надвор од сезоната и зборувам за бројка од 150, 200, 300 илјади преноќувања, нешто кое што сме го немале во минатото“, рече тој.

    Мицковски се осврна и на прашањето за она што случува околу Охрид, Охридското Езеро и УНЕСКО. „Добивме одреден период да она што зависи од нас да го отстраниме недостатоците. Ние веќе формиравме тим. Тој тим ќе почне сериозно да се занимава со оваа проблематика. Така што тоа што како Влада можеме да го правиме, тоа го правиме“, појасни премиерот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично