ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: Во првите шест месеци извозот расте повеќе од увозот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Трговскиот дефицит би требало и натаму да се намалува, со оглед на трендот присутен во првата половина од годинава – извозот има поголем раст од увозот, нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

    „Во првите шест месеци, по долго време извозот повеќе расте во однос на увозот. Извозот беше 2,9 проценти зголемен во првите шест месеци споредено со минатата година, а увозот 2,3 или 2,4 проценти во истиот период“, наведе Мицкоски при посетата на Општина Петровец, каде изврши увид во изведбата на повеќе општински проекти.

    Како што потенцира, првпат по долго време се случува да се намалува трговскиот дефицит со странство. И тоа, во услови кога автомобилската индустрија е во состојба каква што е, а нашата извозна компонента најмногу отпаѓа на автомобилската индустрија.

    „Очекувам и во периодот што следи таквата економска активност да продолжи“, рече Мицкоски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично