Тоа што ќе го договорат работодавачите и работниците, Владата ќе го прифати. Таа е во поразлична позиција и нема да се меша, иако од аспект на централниот буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има бџетот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Додека тој го следел состанокот на Економско–социјалниот совет, не била оторена темата за минималната плата од 450 евра.
„Работодавачите и работниците треба да се усогласат за минималната плата. Седницата се уште трае. Ние како Влада сме во една позиција поразлична и од едната и од другата страна. Условно, ако гледаме од аспект на централниот буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има Буџетот, но ние не сакаме да се мешаме. Ќе ги оставиме тие две страни да се усогласат“, рече Мицкоски.
Иако во државната каса за идната година се предвидени пари за усогласувања на платите, тој посочи – ако денес се донесе одлука за зголемување на минималната плата, средствата ќе се обезбедат преку ребаланс на буџетот.
За премиерот ЕСС е „добро место за дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите“. Неговите очекувања за в година се раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги.
„Разговаравме за буџетот на државата за наредната година и предизвиците за надминување на проблемите врзани со стандардот на граѓаните. Нашата отворена заложба за подобрување на условите за живот и секојдневната борба за решавање на напластените проблеми беше потенцирана за време на денешната средба“, изјави Мицкоски.
Во буџетот за следната година кој е во собраниска процедура има пари за раст на платите, вклучително и на минималната, тврди претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов