ПОВЕЌЕ

    Мицкоски со предлог за амортизација на струјниот удар – законски измени за заштита на стандардот

    Време зa читање: 3 минути

    Со Предлог закон за измени на Законот за енергетика, доставен во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се направ обид за заштита на домаќинствата од претстојното првојулско поскапување на струјата. Предложеното решение, кое овозможува неменливост на цената за потрошувачите од првата и втората, како и минимално зголемување во третата и четвртата тарифна група, треба да се усвои во скратена постапка.

    „Со овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика стандардот на граѓаните ќе биде заштитен и нема да се дозволи драматично зголемување на цената на електричната енергија. Цениме дека со овој предлог закон домаќинствата кои се во првата и во втората група нема да добијат поголеми сметки. И за оние кои влегуваат во третата и во четвртата група зголемувањето на струјата да не биде значително, туку да се движи помеѓу еден и два проценти“, посочи мандатарод Христијан Мицкоски, кој одржа прес-конференција по доставувањето на предлогот. Притоа, ги повика пратениците да гласаат за измените, затоа што со нив ќе биде попречена инфлаторната спирала.

    Како што рече, овој чекор може идната влада да го направи за граѓаните и со тоа да го заштити нивниот стандард. Воедно, нагласи, немаат намера да се мешаат во одлуките на Регулаторната комисија за енергетика.

    Мицкоски појасни и како се формира цената на струјата:

    „Цената на струјата се формира како збир од четири собироци. Тоа е цената којашто за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената што за услугите ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената којашто за своите услуги ја наплаќа МЕМО и плус цената на самата електрична енергија. Сите овие четири собироци на крајот се множат со коефициентот 1,115, бидејќи тоа е старата маржа со која универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5 проценти. Откако истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Ние со ова дополнување на законот, бидејќи станува збор за старо-нов снабдувач и да ги скратиме процедурите за нова регистрација, па Регулаторната комисија само да му ја продолжи важноста на лиценцата. Тоа значи наместо маржата од 11,5 проценти на граѓаните ќе им се наплаќа маржа од 9,9 проценти со што нема да се зголеми цената“.

    Исто така, тој му порача на универзалниот снабдувач внимателно да врши оптимизација на своите потреби и при набавката на струјата првенствено да се води од интересите на граѓаните. Па, потоа да направи оптимизација за своето портфолио и да не набавува количини електрична енергија кои нема да бидат потребни.

    Во следните шест месеци ќе се реорганизира енергетскиот сектор во Македониј, најави Мицкоски, посочувајќи дека во наредниот регулационен период од први јануари до 30 јуни 2025 граѓаните ќе добијат поевтини сметки за електрична енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично