ПОВЕЌЕ

    Мицкоски со подадена рака кон инвеститорите – Институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација

    Време зa читање: 2 минути

    Се водат активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката. На инвеститорите – странски и домашни, Владата им подава рака не само декларативно, туку суштински, низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација, истакна премиерот Христијан Мицкоски, по денешната средба со Советот за странски инвестиции.

    „Одржавме исклучително важен состанок со Советот за странски инвестиции – тело составено од претставници на водечки странски компании кои веќе инвестираат во Македонија и кои со години ги следат економските политики во земјава. Разговаравме отворено за предизвиците, но и за потенцијалите што ги нудиме. Јасно е дека имаме промени кои мораме заеднички да ги продолжиме“, рече премиерот.

    Освен најавата за преговорите што се водат за нови инвестиции, наведе дека се разговара со САД за можни царински олеснувања.

    „Верувам дека ќе бидеме во групата земји коишто ќе бидат наскоро објавени, коишто ќе имаат услови најповолни за да извезуваат на американскиот пазар“, убеден е Мицкоски.

    Исто така, го изрази уверувањњето дека државата се движи во добра насока.

    „Промените ќе ги дадат конкретните резултати многу побрзо и ние вложуваме напори тоа да биде час поскоро и посилно, ефектите од ваквиот раст во економијата неминовно ќе се почувствуваат и јас сум сигурен дека се движиме во добра насока“.

    За разлика од затекнатата состојба, вели, реалноста се менува. „Денес имаме економија која расте, индустрија која произведува, извоз кој се зголемува и инвеститори кои повторно гледаат шанса тука, дома, во Македонија“, потенцира Мицкоски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично