ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: Растат и платите и пензиите, Македонија е меѓу најбрзорастечките економии во Европа

    Време зa читање: 2 минути

    еконоски растТретиот и четвриот квартал од минатата година беа супер успешни и по подолго време земјата забележа трипроцентен раст. Со тоа, Македонија се вбројува меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека доаѓаат убави времиња.

    Имавме два супер успешни квартали, тоа беше четвриот и третиот квартал од минатата година. За првпат забележавме раст после долго време, од три проценти и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи и во овој прв квартал од оваа година“.

    Одговарајќи на новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика кои се однесуваат за движењето кај просечната плата, премиерот искоментира дека тоа се случува и покрај обвинувањата на опозицијата дека Владата е против растот на платите. „Еве гледате дека растат“, рече Мицкоски, додавајќи дека очекува да продолжи економската консолидација.

    Воедно, потсети дека од први април и пензиите ќе бидат зголемени за дополнителни 2.500 денари.

    „Тоа што го ветивме првата година ќе го реализираме за девет месеци. И, во суштина, за овие девет месеци, направивме многу убави работи што дел ги ветивме, дел ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата, мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави времиња доаѓаат за Македонија и за македонската економија“, порача Мицкоски.

    (Фото: Freepik)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично