ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: Преговараме со инвеститори за изградба на когенеративни гасни постројки

    Време зa читање: 2 минути

    До најевтино централно затоплување ќе дојдеме преку градба на когенеративни гасни постројки, кои во текот на зимата, кога ни треба, ќе произведуваат и електрична енергија и истовремено ќе произведуваат топла вода, којашто преку топловоди ќе биде дистрибуирана до тие средини кои денка користат сосема поинаков енергенс кој, за жал, емитува ПМ2,5 и ПМ10 честички во воздухот. И тоа е 60 проценти од факторот којшто влијае врз загадувањето, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за изградбата на гасни централи со кои ќе се влијае врз намалување на загаденоста на воздухот.

    „Ние работиме на неколку такви проекти. Токму од овде, одам на состанок во Владата со потенцијален инвеститор којшто сака да инвестира една милијарда евра во ваков тип на производни капацитети. Тоа нема да биде по принципот како досега, како што беше оној специјален закон, стратешки проект во парламентот, на одење минатата Влада што го достави по привилегирани цени и така натаму. Сѐ ќе биде по пазарни услови. Преговорите се со инвеститори, во кои моја цел е и државата да биде дел од пакетот, да биде косопственик во самата таа инвестициј. Нормално, не со пари, со земја, со приклучоци и со слично. Затоа што цениме дека приватните инвеститори коишто имаат пристап до овој ресурс како што е гасот, можат на многу поедноставен и пофлексибилен начин да го донесат тука, отколку државата. Така што ќе видиме како ќе завршат овие преговори“, изјави премиерот.

    Според него, ако биде сѐ како што треба, овој процес ќе почне во текот на идната година.

    „Очекувам во период до три години сето ова да се заврши“, изјави Мицкоски, кој денес присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО).

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично