ПОВЕЌЕ

    Мицкоски прецизен: Со обемот на странски инвестиции според БДП, Македонија е шеста држава во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Според бруто домашниот производ, Македонија е шеста држава во светот по привлечените странски инвестиции, согласно индексот на гринфилд странски директни инвестиции – Greenfield FDI Performance Index. Шести сме и како земја која, во споредба со претходната година, привлекла најголем број туристи во светот, според Светската туристичка организација на ОН, но по процентен раст, нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

    „Ќе бидам прецизен за да не бидам погрешно разбран. Зборувавме дека сме четврта економија во Европа. Многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Така и ова. Ние сме шеста држава по бројот, обемот и волуменот на странски инвестиции во светот според БДП“, прецизира премиерот, коментирајќи дека ова е потребно поради тоа што „сѐ уште постојат такви кои на брутален начин лешинарски се обидуваат да дефокусираат“.

    Воедно, посочи, тоа се однесува и на податоците произлезени од Светската туристичка организација на Обединетите нации.

    „Исто така, треба да кажеме дека Обединетите нации, секторот туризам, објавуваше дека сме шеста дестинација којашто привлекла најголем број туристи во светот, по процентот на раст, споредено со истиот период минатата година. Тоа се параметри кои се добри и значајни“, рече Мицкоски.

    Притоа, премиерот е сигурен дека ваквите движења ќе се рефлектираат врз стандардот на граѓаните.

    „Убеден сум дека тоа се случува. Можеби доаѓа споро, но во периодот што следи ќе биде уште поизразено. Имајќи предвид дека без да имаме интервенционизам, популизам и без да имаме начин на кој што порано се зголемуваше просечната плата, ние го имаме истиот раст од 11, 12 и 13 проценти, што значи дека стандардот полека но сигурно доаѓа на свое место“, смета Мицкоски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично