ПОВЕЌЕ

    Мицкоски од Вашингтон: Инвестицијата на „Вабтек“ ќе го зголеми извозот и ќе влијае врз БДП

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Вабтек“ одлучи да го зголеми своето производно портфолио со уште една дополнителна инвестиција во Технолошко индустриско развојната зона Скопје, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Грег Сброко, извршен потпретседател на американската компанија „Вабтек“.

    Инвестицијата ќе биде 35 милиони евра и ќе овозможи отворање на повеќе од сто работни места.

    „Тоа значи дека ќе имаме зголемен извоз, тоа значи дека ќе имаме позитивно влијание врз бруто домашниот производ. Она што претставува главна обврска, фокус и посветеност на оваа влада е економијата и борбата против криминалот и корупцијата“, порача Мицкоски од Вашингтон.

    Извршниот потпретседател на „Вабтек“ истакна дека со премиерот Мицкоски се разговарало не само за проширување на производството на компанијата во земјава, туку и за повеќе можности.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично