ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: Инвестицијата на ДМ Бау ќе го надмине договорениот минимум од седум милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во следните пет години ќе се вложат седум милиони евра и ќе се отворат 200 нови работни места – потпишан е договор за нова инвестиција со компанијата ДМ Бау Интернационал. Во сопственост е на наш сограѓанин, со потекло од Македонија, кој живее и работи во Швајцарија, но одлучи своите инвестициски планови да ги реализира токму во нашата земја, рече премирот Христијан Мицкоски.

    Според него, договорот за државна помош предвидува инвестиција од најмалку седум милиони евра во следните пет години и најмалку 200 нови работни места. Согласно последните информации добиени од менаџментот на компанијата, инвестицијата ќе го надмине овој минимален износ на кој договорно се обврзува.

    „Инвестицискиот план вклучува вложувања во купување на земјиште, целосна изградба на погоните и нивно опремување со машини и опрема за производство на модуларни објекти со различна намена“, наведе Мицкоски.

    ДМ Бау Интернационал е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години историја. Покрај производството на ваквите објекти, компанијата се јавува и како нивен изведувач. Со годишен обрт од околу 10 милиони швајцарски франци, над 70 вработени и 30-тина проекти годишно, ДМ Бау се вбројува меѓу најголемите европски производител во овој сегмент.

    „Моменталното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите ДМ Бау одлучи да го реализира преку Македонија. Во индустриска зона во близина на Куманово, ДМ Бау Интернационал ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање, со вкупна површина од околу 35.000 метри квадратни под покрив.

    За таа цел, во 2024 година компанијата купи земјиште со големина од околу 72.000 метри квадратни. Моментално таму се изведуваат првични земјени работи за нивелирање на земјиштето, по што, во текот на 2025 година ќе отпочне изградбата на нивните производни погони“, истакна премиерот.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично