ПОВЕЌЕ

    МФ: Усвоениот Буџет за 2026 година носи фискална консолидација и поддршка на економијата

    Време зa читање: 3 минути

    Собранието го усвои Буџетот за 2026 година, којшто е планиран како консолидиран и реален инструмент за одговорно управување со јавните финансии, одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг.

    Вкупните приходи во Буџетот за 2026 година се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари, расходите се планирани на ниво од 414,2 милијарди денари, додека буџетски дефицит е проектиран во апсолутен износ од 39,2 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП.

    За капитални инвестиции се планирани 40,1 милијарда денари наменети за интензивна реализација на инфраструктурни, енергетски и капитални проекти кои се клучни за подобрување на општите услови за живот, унапредување на јавната инфраструктура и поттикнување на економскиот развој.

    Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на плати во јавниот сектор, пензии, социјални трансфери и субвенции, поддршка на економијата и иновативни активности.

    За исплата на плата се проектирани 52,6 милијарди денари, за тековни трансфери и субвенции 271,9 милијарди денари, за пензии 116,8 милијарди денари, за социјална заштита 12 милијарда денари, за активни мерки и политики за вработување 2,6 милијарди денари, за здравствена заштита 53,8 милијарди денари

    Во наредната година ќе се продолжи со намалување на буџетскиот дефицит, стабилизирање на јавниот долг и зајакнување на довербата кај домашните и странските инвеститори. Мерките коишто се предвидени за постигнување на оваа цел се ефикасна наплата на приходите, формализација на неформалната економија и внимателна, контролирана и штедлива употреба на јавните средства.

    „Буџетот е изработен со јасна визија, со одговорен пристап кон јавните финансии и со цел секој денар од народните пари да биде насочен таму каде што ќе донесе најголем поврат за граѓаните и економијата. Буџетот за 2026 година е изготвен врз основа на постигнатите економски резултати и очекувањата за продолжување на позитивните трендови.  Водевме сметка за реалноста во проекциите, економичноста и ефективноста во планирањето, со цел да обезбедиме стабилен развој, редовно функционирање на институциите и навремена исплата на сите обврски. Овој Буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност, доверба и развој. Јасна потврда за одговорното управување со јавните финансии кое го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет“, рече Димитриеска-Кочоска, и потсети на остварувањата во економијата во третиот квартал, кога е остварен раст од 3,8% и претставува еден од највисоките во последните години.

    Министерката за финансии во образложението на Дополнетиот предлог-буџет наведе дека во 2026 година со овој предлог се обезбедува ликвидност во јавните финансии и континуитет во навремената и целосна отплата на обврските.

    (Фото: Freepik)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично