ПОВЕЌЕ

    Месо, путер, кашквал, сусам…Уништени 67 тони небезбедна храна за три месеци

    Време зa читање: 2 минути
    Податоците на СЗО покажуваат дека повеќе од  600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади  умираат од јадење небезбедна храна која е контаминирана со токсини, паразити или хемиски средства. Искуството покажува дека пандемијата и засилените контроли во изминатите година и половина глобално ги идентификувале слабостите во системите за производство и контрола на храна.
    Кај нас, вкупно 67 тони храна уништиле инспекторите и операторите од Агенцијата за храна и ветеринарство во првиот квартал од годинава. Во овој период се направени 12 илјади контроли, а во текот на целата ланска година надлежните спровеле 54.382 контроли.

    Во 2020-та година се уништени 238 тони храна, која според нив, била небезбедна за потрошувачите.

    „Во уништените 238 тони е уништено се’ она што не ги задоволува органолептичките карактеристики или рокот. Путер, кашкавал, сусам… Имавме уништување на месните преработки кои не ги задоволуваа критериумите. Тука постапува инспекторот, а уништувањето се врши под негова контрола“, информираше денеска директорот на АХВ, Николче Бабовски.

    Тој вели дека казните за компаниите зависат од типот на прекршувањето и се движат од 250 до 9000 евра.

    Изречени 8 глоби за небезбедна храна во првите 5 месеци од годината. Тој вели дека кога е во прашање безбедноста на храната, граѓаните најчесто поднесуваат претставки за производи со поминат рок, за сомнеж во квалитетот на производите, несоодветно означување и присуство на контаминенти во храната.

    За слични вакви работи во врска со квалитетот на храната, граѓаните праќаат поплаки и во Органзацијата за заштита на потрошувачите. Претседателката на ова тело, Маријана Лончар-Велкова вели дека за овие прашања најдобро е да се реагира официјално, а не преку социјалните мрежи.

    Овие информации беа споделени на одбележувањето на 7-ми јуни. Светскиот ден на безбедна храна, што првпат беше востановен во  2019 година од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО. Агенцијата за храна и ветеринарство се приклучи на глобалната кампања за одбележување на овој ден со цел на јавната свест за безбедноста на храната и информирање на јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа, унапредување на здравјето на граѓаните, економскиот просперитет, развојот на земјоделството и пазарите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично