ПОВЕЌЕ

    Мермерниот комбинат со пониски приливи и намалена добивка

    Време зa читање: 2 минути

    Позитивни се резултатите на прилепскиот Мермерен комбинат кој минатата година ја заврши со минимален пад кај добивката од 1,91 процент. Се работи за износ (по оданочување) од 843,234 илјади денари, односно 13,67 милиони евра.

    Од продажбата, Комбинатот во 2023 остварил приходи од 1,801,448             илјади денари (29,2 милиони евра). Забележано е намалување од 3,78 отсто споредено со претходната 2022 година. Со износ од над 29 милиони евра доминираат приливите од странските пазари.

    Во тие рамки, оперативната добивка е 914,446 илјади денари (14,83 милиони евра) и е намалена за 3,38 отсто. Во 2022 била регистрирана сума од 946,420 илјади денари (15,35 милиони евра). Пониски се и оперативните расходи – за 4,59 проценти, а се бројат со 907,857 илјади денари (14,72 милиони евра).

    Акционерите лани добиле дивидендата, односно поделен е дел од акумулираните добивки остварени до 31 декември 2022 година, во износ од 1,170,261 илјади денари (речиси 19 милиони евра – бруто). Пресметката е извршена според утврдените 4,06 евра за акција.

    Инаку, кон крајот на минатата година се комплетира процесот на преземање и прилепскиот Комбинат премина во целосна сопственост на грчки „Павлидис“. За потсетување, холдингот кој претходно поседуваше 4.493.210 обични акции со право на глас, или 95,87 проценти, ги презеде преостанатите 193.648 акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично