
Во оваа епизода на поткастот „Каде се парите?“, првиот човек на „НЈСК Холдинг“ Сашо Стефаноски, објаснува зошто медицинскиот канабис нема никаква врска со рекреативна употреба на оваа билка и зошто станува збор за строго регулирана фармацевтска индустрија. Производството не се врши на отворени плантажи, туку во високо контролирани услови, со строги стандарди, сертификати и целосна следливост.
„Така што медицинскиот канабис како нова гранка од фармацевтската индустрија и компаниите и бизнис секторот кој што вложува во таа индустрија прави сериозни напори да го изгради кредибилитетот на оваа индустрија со сериозни инвестиции и со поставување на фармацевтски стандарди во производството на самото растение. Има различни бизнис модели кои што различни држави ги форсираат, но за бизнисот да биде одржлив и да може правилно да се развива и расте, најдобро е да има вертикална интеграција на истиот, т.е. компаниите да го контролираат самото производство на суровината, таа суровина низ фармацевтските доктрини и стандарди, да ја обработуваат, како на крај би се добил кредибилен производ.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








