Мекдоналдс во Саудиска Арабија најде паметен начин за промовирање на брендот за време на светиот исламски месец на Рамазан, за време на кој муслиманите постат од зори до зајдисонце, прекинувајќи го нивниот пост на Ифтар, вечерен оброк после зајдисонце.
Рекламирање храна не е дозволено во текот на овој месец, така што агенцијата Лео Бурнет од Саудиска Арабија дизајнираше виртуелен песочен часовник кој го одбројува времето до Ифтар секој ден, кога понудата на Мекдоналдс станува повторно достапна за продажба.
Кампањата на Мекдоналдс, која го одбројува времето до Ифтар скористи виртуелни песочни часовници во форма на храна.
Кампањата ќе трае за време на Рамазан, кој завршува на 24 мај, а часовниците во кампањата се дизајнирани во форма на Биг Мек, МекФлури и порција од помфрит од Мекдоналдс.
Оваа кампања може да се види на социјалните медиуми и надворешните екрани на објектите на Мекдоналдс.