ПОВЕЌЕ

    МБА со јавен повик до училиштата за учество на Европскиот квиз на парите

    Време зa читање: 2 минути

    Македонската банкарска асоцијација ги повикува основните и средните училишта да пријават одделенија, односно касови за учество во меѓународниот натпревар – „Европски квиз на парите“, кој  МБА го организира шести пат. Проектот е на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години. Во Македонија натпреварот се реализира во соработка со Народната банка и со Комисијата за хартии од вредност, а е поддржан од Министерството за образование и наука и од Министерството за финансии.

    Европскиот квиз на парите се одвива во две фази. Во првата се спроведуваат  националните натпревари во секоја земја, а победниците се учесници на европското финале, што всушност е втората фаза од натпреварот.

    Од МБА информираат дека кај нас националниот натпревар ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите, од 18 до 24 март, во два круга, на на македонски и на албански јазик.

    Како што е наведено, првиот круг предвидува онлајн натпревар за селекција на најдобрите три тима, кои во вториот круг се натпреваруваат за титулата „национален шампион“, што подразбира физичко присуство, бидејќи ќе се одржи во просториите на Македонската банкарска асоцијација.

    Понатаму, тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале што ќе се одржи на 18 и 19 април во Брисел. Секој тим се натпреварува на својот мајчин јазик.

    Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата што ќе освојат прво, второ и трето место.

    Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), која е едукативна платформа врз база на игра.

    Заинтересираните за учество основни и средни училишта пријавите треба да ги остават најдоцна до 19 февруари, на веб-страницата на Македонската банкарска асоцијација или на [email protected].

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично