НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.
Собранието на акционери на НЛБ Банка, на својата седница одржана на ден 16.04.2020 година донесе Одлука за именување на независен член на Надзорниот одбор.
За нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка се именува г-ѓа Матеја Тревен.
Мандатот на новиот член на Надзорниот одбор ќе трае 4 години, започнувајќи од 28.05.2020 година.
Оваа Одлука стапува во сила по добивањето на согласност од гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија.
Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во моментов го сочинуваат:
- Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
- Марјета Звер Цанкар – Заменик претседател на Надзорен одбор
- Хедвика Усеник – Член на Надзорен одбор
- Кристина Ковачич Бјелајац – член на Надзорен одбор
- Борислав Атанасовски – Независен член на Надзорен одбор
- Зоран Јовановски – Независен член на Надзорен одбор