ПОВЕЌЕ

    Mastercard издаде прва платежна картичка поддржана од крипто

    Време зa читање: 2 минути

    Крипто банката Nexo соопшти дека се здружила со глобалната компанија за плаќања Mastercard за да ја лансира во среда, како што ја нарекува, првата платежна картичка во светот со „крипто-поддршка“. Најновиот потег на крипто и актуелните финансиски мрежи да ги здружат силите се случува додека дигиталните средства стануваат сѐ по мејнстрим.

    Од Nexo изјавија дека картичката, првично достапна во одредени европски земји, им овозможува на корисниците да трошат без да мора да ги продаваат своите дигитални средства, како што е биткоинот, кои се користат како колатерал за поддршка на доделениот кредит. Повеќето традиционални кредитни картички се необезбедени и имаат одреден кредитен лимит.

    Картичката е поврзана со кредитна линија обезбедена од Nexo, поддржана со крипто и може да се користи кај 92 милиони трговци ширум светот каде Mastercard е прифатена, овозможувајќи им на инвеститорите да потрошат до 90% од фиат вредноста на нивните крипто средства, соопштија од Nexo.

    „Картичката не бара минимални отплати, месечни или такси за неактивност. Нема девизни такси до 20.000 евра месечно“, велат од Nexo. Нема ограничувања за тоа колку клиентот може да потроши или повлече од отворената кредитна линија, а каматата се плаќа само на износот на реално искористениот кредит. Каматата останува на 0% за клиентите кои одржуваат сооднос на кредит-вредност од 20% или под.

    „Mastercard признава дека дигиталните средства го револуционизираат финансискиот пејзаж“, рече Раџ Дамодаран, шеф за крипто и блокчејн производи и партнерства на Mastercard.

    Фирмата за електронски пари DiPocket е издавач на картички на Nexo.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично